Министерството за oдбрана ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден лицата сместени во Центарот за обука во Пепелиште – Криволак, ќе бидат преместени на нова локација.
Како што известивме вчера, Центарот за обука во Пепелиште е само привремен простор каде треба да се извршат епидемиолошките прегледи согласно медицинскиот протокол. Тимот на Министерството за здравство утрово ќе ги заврши прегледите по што веднаш лицата ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија.
Министерката за одбрана Шекеринска вчера соопшти дека во Пепелиште ќе бидат сместувани нашите граѓани кои доаѓаат од странство, поточно од земји со висок ризик.