Совесен возач на камион ги повикува сите граѓани да не паничат, да не бараат да се вратат дома во вакви мигови за да не ги доведат во опсност своите најмили и да мислат на колективното здравје.
„Еве јас сум 15 дена во камион. Привремено работам во Ријека, а моментално возам низ Италија. Ве молам да бидете СВЕСНИ и СОВЕСНИ, да не барате да се враќате во своите татковини зошто го загрозувате животот на најмилите. Не е крај на свет, ќе помине ова, ќе си ги видите фамилиите и пријателите. Мислете на другите…Како тоа сакате во камион да доаѓате во својата земја, кој ви гарантира изолација. Дај смирете се. Еве јас ќе снимам и во маркет во Италија, да видите дека производи има секаде, само тоалетна хартија нема….И новинарите си го направија своето. Редиците не се дека нема производи, туку дека се чека заради потребното растојание….Поздрав до сите, Ве САКАМ.“ вели во видеото совесниот камионџија.
https://twitter.com/ivo_ivanovski/status/1240202831656820736?s=07&fbclid=IwAR1BE5vnJ6xIjabdWg3a5nB9lxyLSG-BBXfHTOE7HuJu7OBymFRhpvZVoA0