ВЛАДАТА на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека опозицијата преку претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, врши притисок врз институциите при што организираните активности за враќање на македонските граѓани во нашата земја и за нивно сместување во државни карантини ги нарекува “уништување на државата”.
СВЕТСКАТА здравствена организација (WHO) со бесплатен курс и на Македонски јазик за Ковид-19. На официјалната страна на Светската здравствена организација (WHO), поставена е онлајн обука (курс) на македонски јазик, за здравствените работници и експерти за јавно здравје, која се фокусира на спречување и контрола на инфекцијата. На курсот дава насоки за како да идентификуваат случај, како да реагираат и имплементираат мерки за спречување на ширење на Ковид-19.
ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ одлучија да ги отворат преговорите со Северна Македонија. Нема враќање назад, преговарачкиот воз замина од станицата и вие сте во него. Брзината на возот зависи од два машиновозачи од двете страни. Преговорите ќе се одвиваат онолку брзо колку што вие сте во можност да преговарате, да ги исполнувате барањата и да се реформирате.
МИНИСТЕРОТ Филипче апелира – Лицата со одредени хронични заболувања се во поголем ризик од компликации типични за корона вирусот. До нив апелирам да бидат особено внимателни и да ги следат доследно сите препораки за заштита од вирусот.
ДА го заштитиме секое работно место, секој да има средства за да го преживее и преброди овој период. Да ја заштитиме ликвидноста на буџетот за да ги сервисираме обврските и да ја заштитиме ликвидноста на стопанството кое потоа треба да се рестартира. Ова се целите по кои се раководиме во справувањето со кризата и менаџирањето со Буџетот, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.
СТО и две лица приведени поради непочитување на мерката за забрана на движењето. Вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето во текот на изминатото деноноќие, при што полициските службеници привеле 102 лица, 46 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО.
ЛЕГЕНДАРНИОТ турски голман Речбер Рушту е хоспитализиран откако било утврдено дека е позитивен на новиоит коронавирус.
МАКЕДОНИЈА во НАТО – Што добиваме и како понатаму? Со истовремено подигање на три македонски знамиња, две во Белгија и едно во САД, НАТО утре (понеделник) во своите редови свечено ќе го вброи својот триесетти сојузник.