Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил објави дека монтажната т.е полска болница е речиси завршена.
Шилегов се заблагодари на сите кои помогнаа и учествуваа овој проект за се заврши за помалку од една недела.
„Меѓуинституционалната соработка вроди со плод. На крај сме со поставувањето на полската болница во кругот на Клинички центар. За неполни 7 дена !!!
Град Скопје, Министерство за здравство, Министерство за одбрана, институции со светски стандарди на исполнителност !!! Благодарност до вработените. #СедиДома.“ – напиша Шилегов во својот статус.