Компаниите кои вршат енергетски дејности како и претпријатијата даватели на водни услуги да се воздржат од исклучување на граѓаните од нивните мрежи поради неплатени сметки додека на сила е вонредната состојба поради пандемијата со КОВИД – 19, апелира Регулаторната комисија за енергетика.
– Сакам да изразам благодарност до компаниите и јавните претпријатија чие работење е под надлежност на РКЕ кои веднаш позитивно одговорија на препораката и во овој периодот покажуваат солидарност и општествена одговорност кон потрошувачите, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Од РКЕ велат дека се во разговори со компаниите да се изнајде најдобар модел за плаќање на сметките за режиски трошоци за март, април и мај со цел, како што велат, да не им бидат на товар на потрошувачите.
Најавуваат дека јавноста ќе биде информирана откако ќе се постигне евентуален договор за конечниот модел.