ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби

Ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, изјави претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија посветена на вонредната состојба воведена заради заштита и справување со епидемијата на коронавирусот

March 31, 2020 17:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, изјави претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија посветена на вонредната состојба воведена заради заштита и справување со епидемијата на коронавирусот.

Консензулаен заклучок е, нагласи Пендаровски и дека треба да им се одаде признание на сите служби кои деноноќно работат на спречување на ширењето и справувањето со епидемијата. Потребниот здравстевн кадар, силите на полицијата и на Армијата се мобилизирани. Постои дневна координација и на централно и на локало ниво и сите расположиви ресурси и напори вбо овој момент се насочени кон справување со кризата.

Тој појасни дека на седницата на Советот биле разгледувани различни асппекти и консеквценци од епидемијата. За здравствените аспекти информирал министерот за здравство, за безбедносните претставникот од МВР и директорите на безбедносните служби. Мнистерката за одбрана и началникот на Генералштабот реферирале за ангажманот на Армијата  во поддршка на полицијата, министертот за надворешни информирал за враќањето на нашие државјани затекнати во странство, а гувернерката на НБ за примена на Уредбата за олеснување на финансискиот товар на фирмите и граѓаните при плаќање на кредитите, за финансиската стабилност на банкикте за девизниот курс и за состојбата сои девизните резерви. Претствници на економско- финанскиот тим на Владата и на премиерот реферирале за состојбата со буџетот, сценаријата со различни проекции за следните квартали, како и за последниот екононски сет на мерки со коои се поддржува македонската економија.

– Советот заклучи дека ситуацијата останува сложена, а сите сценарија за идниот развој на настаните се оптоварени од главната непозната, а тоа е колку долго ќе трае пандемијата. При тоа едногласно беше заклучено дека досега имаме адекватна поставеност на државата и ефективна соработка меѓу надлежните служби, стриктно спорведување на препораките на СЗО и со мали исклучоци имаме навистина одговорно однесување на граѓаните, рече Пендаровски.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска,  заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и координација за странска помош, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши. Поради здравствени проблеми на состанокот не присуствувал министерот за вматрешни работи Наќе Чулев, на негово место присуствувал дополниот заменик министер за внатрешни работи

Претседателот Пендаровски на 18 март, на предлог на Владата прогласи 30-дневна вонредна состојба во државата заради поефикасно справување со коронавирусот, а во тој период Владата ќе треба да поднесува извештаи за ефектите од донесените мерки за заштита против корона вирусот, преземените активности и планови за постапување во иднина.

Next Post

Радувајте се, Мицкоски го има лекот за спас на економијата?!

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk