ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) Треба ли Армијата и пред маркетите во Скопје да воспостави ред, или можеме поинаку?

Маркетот е преполн со луѓе. Ред на влегување никој не воспоставува ни пред маркетот ни внатре. Единствено на касите колку толку се почитува редот, но и тоа е заслуга на одговорноста на самите муштерии. Персоналот од маркетот професионален и љубезен и за секоја пофалба, но нема никаков ред за тоа колку луѓе треба да влезат а да не се направи несакана гужва која во вакви околности на пандемија не предизвикува само нервоза и тензија, туку е и опасност по здравјете и животот на граѓаните.

April 15, 2020 14:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На апел на градоначалникот на Илија Јованоски, во Прилеп од неодамна за воспоставување на ред и избегнување на гужва, а со цел одржување на физичка дистанца на граѓаните и за намалување на ризикот од ширење на корона вирусот, помага и Армијата. 15 војници се распоредени пред поголемите маркети и пред банките каде што се правеа гужви.

Прилепчани велат, откако се забележуваат војниците пред маркетите и банките нема гужви за влез и граѓаните се држат на пропишаното растојание кое Општина Прилеп го обележа со налепници и пред поголемите маркети и експозитури на банки.

Овие фотографии се од маркет во Скопје, а сликата што може да се забележи не е ни малку различна од таа што ја има во другите градови.

Маркетот е преполн со луѓе. Ред на влегување никој не воспоставува ни пред маркетот ни внатре. Единствено на касите колку толку се почитува редот, но и тоа е заслуга на одговорноста на самите муштерии. Персоналот од маркетот професионален и љубезен и за секоја пофалба, но нема никаков ред за тоа колку луѓе треба да влезат а да не се направи несакана гужва која во вакви околности на пандемија не предизвикува само нервоза и тензија, туку е и опасност по здравјете и животот на граѓаните.

Велигденските празници се ближат, а овие слики од големите маркети ќе бидат уште почести и уште поопасни како што се наближува продолжениот викенд.

Ако веќе се решило дека физичката дистанца е таа која дава резултат, ако се воспоставил полициски час што ограничува движење, тогаш со само една посета на маркет, паѓаат во вода сите тие мерки и препораки на кои упорно се инсистира да се почитуваат сѐ со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето и животот на граѓаните.

Ќе се повтори ли сликата на војници што ставаат ред пред маркетите од Прилеп и во Скопје, или тоа ќе го направи менаџментот на маркетите, останава да видиме.

Ј. Ѓорѓиоски

 

Tags: армијамаркетСкопје
Next Post

Спасовски и Османи во Куманово: Мерките се носат во консултација со експертите, граѓаните да ги почитуваат препораките

НАЈНОВО

Скриншот

Рубио: Безбедносните сили во Појасот Газа ќе бидат составени од земји за кои Израел нема да има забелешки

October 24, 2025

Прекршен Законот за дигитални услуги: ЕК ја товари Мета за „мрачни шеми“ при пријавување илегална содржина

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk