Илјада пати се кажа дека луѓето умираат особено заради немање простор и време за целосна и навремена интервенција во болниците. И дека заради тоа седиме дома.
Здравствените системи кога се долг период преоптеретени, а воедно и послаби генерално, колабираат. И тоа е единствената причина зашто сме дома. Предострожноста е заради тоа што вирусот е нов, и науката не знае како ќе се однесува.
И сетоа ова е ПРИВРЕМЕНО. Ќе помине наскоро. Ќе мора и да работиме и да живееме. Ќе се навикнеме на новото време зашто тоа ќе носи нови правила на живот.
А ако има вакцина – тоа ќе биде чудо, зашто тогаш ќе има и кој да го бодри Ноле во публика, и кој да му дојде на концерт на Наум, и кој и да им плеска на актерите во театар. Светскиот заговор од кој треба да се плашиме во моментов се “инфлуенсерите”, кои имале хронично кецови по физика, хемија и биологија.
Фејсбук пост на Синоличка Трпкова