ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Детектор: Министерот Филипче со огромни 78,3 % поддршка, 71,2% се задоволни од работата на надлежните во однос на кризата

Од работата на министерот за здравство Венко Филипче, како задоволни се изјасниле 78,3 отсто од анкетираните, а 71,2 отсто од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во однос на кризата со корона вирусот.

May 4, 2020 09:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Најновото истражување кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје, покажува дека иако се бележи благо намалување, сепак граѓаните и натаму во големо мнозинство им даваат поддршка на рестриктивните мерки за заштита од корона вирусот.

Од работата на министерот за здравство Венко Филипче, како задоволни се изјасниле 78,3 отсто од анкетираните, а 71,2 отсто од анкетираните велат дека се задоволни од работата на надлежните во однос на кризата со корона вирусот.

Резултатите покажуваат дека 77,2 од анкетираните сметаат дека мерките кои ги преземаат надлежните го спречуваат ширењето на вирусот, додека 17,9 отсто не се убедени во тоа.

Помалку од половина од анкетираните сметаат дека македонското здравство има ресурси за да се справи со кризата. Ваков став делат 41.2 отсто од анкетираните, додека 35,2 проценти се убедени во спротивното.

Според резултатите од истражувањето 57,5 отсто од граѓаните сметаат дека воведените мерки се соодветни, 21,2 отсто ги сметаат за, а 13,2 проценти за недоволни.

Повеќе од една третина од анкетираните очекуваат нормализација на состојбата до крајот на мај. Ваков став имаат 36,6 проценти од анкетираните, 18,3 отсто очекуваат нормализација до крајот на јуни, а 12,1 проценти до крајот на месец април. 7,2 отсто од анкетираните сметаат дека нормализација ќе имаме дури во септември, 5,1 отсто до крајот на годината, а 1,3 проценти следната година .

Граѓаните и натаму најмногу стравуваат од економската криза предизвикана од корона вирусот. Ваков став имаат 33,5 отсто од анкетираните, што е благо намалување во однос на оние 38,8 отсто кои економската криза ги загрижуваше најмногу во мартовската анкета.

Министерот Филипче на Фејсбук истакнува дека големата поддршка од граѓаните носи уште поголема одговорност.

„Овој добар резултат е заслуга на целиот здравствен систем, на сите мои колеги кои од почеток се борат и работат напорно да ја победиме епидемијата. Ветувам дека ќе продолжиме заедно посветено да работиме за да го заштитиме јавното здравје.“, потенцира Филипче

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Изложба на Зоран Кардула „Без жири – без граници“, во Шавник, Црна Гора

July 21, 2025

Кос: Србија мора да докаже дека заслужува членство во ЕУ

July 21, 2025

Апел за рационално користење на водата: Зголемената потрошувачка предизвикува прекини и намален притисок во Скопје

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk