ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно се на погрешната страна од историјата

May 4, 2020 12:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција вели дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно и деструктивно однесување во клучните моменти за државата и во периодот на тешката борбата против коронавирусот. Таа потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно, како и многу пати досега се на погрешната страна од историјата.

 

„Не успеаја да ја одложат, уништат евроатланската интеграција и иднина на државата, па и во криза која не погоди сите, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ препознаа можност за евтини политички поени, водејќи грижа само за партискиот интерес на сметка на интересот на граѓаните.

Во најтешкиот период од кризата на Мицкоски му беше поважно да вежба во теретани, отворени само за него, отколку да се грижи за доброто на граѓаните.

Соочени со нивните неуспешни, срамни и непартиотски обиди да направат се државата да не успее, ВМРО ДПМНЕ повторно во важен момент за државата немаат конкретен став, во паника да не ги стигне казната од граѓаните на избори.

Само пред една недела за Мицкоски 30 дена вонредна состојба беа сосема доволни, за потоа Александар Николовски да каже дека вонредната состојба треба да трае и тоа не било прашање на ничија желба.

Ова е одлика на ВМРО ДПМНЕ – несериозно, конфузно и неодговорно, без став за ниту едно важно прашање.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ знаат дека за време на пандемија беа на погрешната страна, а не на страната на граѓаните.  Наместо заедништво, солидарност, грижа, тие на граѓаните им сервираат лаги, манипулации, паника, сè со цел успехот на надлежните институции да го прикажат како неуспех.

Но, граѓаните прават јасна разлика меѓу одговорност и неодговорност. Тие ги препознаваат лагите на ВМРО ДПМНЕ.

Токму затоа ВМРО ДПМНЕ бегаат од секој еден демократски мегдан, бегаат од соочување со граѓаните. Затоа не сакаат функционално Собрание и затоа не сакаат избори.

Одговорност на политичките партии и на институциите е да направат се, колку може побрзо на граѓаните да им го обезбедат и да им го вратат секојдневието, начинот на којшто живеат- да ги стават општествените процеси во нормала.

Сите што се спротивставуваат на ова, придонесуваат земјата да остане во вонредна, здравствено-економска криза, од што најголема штета ќе имаат граѓаните.“ истакна Кузеска.

 

Next Post

(ВИДЕО) Скандирајќи „Никогаш Северна, само Македонија“, членови на Комити и Војводи ја спречија Шекеринска да даде изјава

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk