пишува: ФИЛИП СТОЈАНОВСКИ
Пред точно 5 години, одбивме да се испоколиме по етничка основа за да направиме основа за уште една повоена аменстија како онаа од 2001 г. кога се заборави и ,,Големото уво” и ,,Тајванската милијарда” многу други претходни муфљузлуци.
Луѓето на видеово, кое во тоа време стана едно од најгледаните во историјата на земјава, заедно со полицајците кои изгинаа во наместена заседа, додека #Хорхе му ги бацуваше чизмите на Путин, останаа херои чие дело е темел на зачувување на мирот во нашево општество.
Остана мистеријат – нема јавно достапни податоци по кој основ по неколку дена Јанулоска и Мијалков дадоа оставка, веднаш по добиената јавна пофалба од Груевски дека многу добро ја сработиле „акцијата” во Куманово. Плус уште помистериозно, оставка поднесе и Јанакиески.
Недела дена подоцна се собравме сто илјади луѓе во Скопје и кажавме ,,не” за продолжување на циклусите на балкански националистички шовинизам. Мислам дека тогаш барем привремено „го скршивме тркалото” – како што велеа за традиционалните односи на моќ во ,,Игра на тронови”. Да не дозволиме да се оправи.
А основа на сè е владеење на правото. Мора да ја дознаеме вистината. Во наредните години на пример дознавме дека веднаш потоа консултанти за правење армии на тролови од висок калибар биле на службен пат во земјава. Дали тоа било ,,придобивка” (за Партијата) на бацираката во Москва, која беше директно мавање шамар на напорите на НАТО преку неучество на сојузниците да изрази несогласување со инвазијата врз Украина.
Како и да е… долга е и широка таа епопеја. Гледајте го видеово, верувам ќе остане камо историски артефакт да се изучува како фактор кој придонел да не започне уште една војна. На времето оригиналната верзија имаше неколку стотици илјади гледања за само ден-два. Луѓето го гледаа и споделуваа масовно, како израз на посветеноста да не бидеме никогаш повеќе излажани да почнеме нова граѓанска војна.