ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски на ЦЕИ: Уверен сум дека заеднички ќе ја надминеме кризата и ќе ги опоравиме економиите

May 15, 2020 14:12
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата предизвикана од КОВИД -19 ја истакна важноста и потребата од глобална, европска и регионална соработка. Уверен сум дека заеднички ќе ја надминеме оваа криза и брзо ќе ги опоравиме нашите економии, порача премиерот Оливер Спасовски на денешниот вонреден самит на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) посветен на договорите за соработка против пандемијата.

На самитот, кој поради актуелната ситуација се одржа преку видео конференциска врска, учествуваа и премиерите на Црна Гора, Албанија, Бугарија, Хрватска, Молдавија и Украина, како и еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји, директорот на Европската банка за обнова и развој Сума Чакрабарти, генералниот секретар на ЦЕИ Роберто Антонионе и регионалниот директор за Европа на Светската здравствена организација Ханс Хенри Клуге.

Осврнувајќи се на преземените мерки во земјава, Спасовски посочи дека имплементирани се заштитни мерки согласно препораките на Светската здравствена организација, но оти одредени предизвици укажале на потребата од засилена поврзаност на регионот и на ЕУ.

– Нашите здравствени системи, иако се соочуваат со различни предизвици, покажаа високо ниво на организираност и функционалност во справување со КОВИД-19. Меѓутоа, одредени предизвици со кои се соочивме на почетокот од кризата укажаа и на потребата од засилена поврзаност во регионот, но и во самата ЕУ. Од тие причини, ние целосно ја поддржуваме иницијативата на генералниот секретар на ЦЕИ заедно со Регионалната канцеларија на СЗО за формирање на Оперативна Единица (Task Force) која ќе соработува во областа на науката и медицинските истражувања, како и на споделување на информации околу напредокот во борбата против КОВИД-19, рече Спасовски.

Во однос на кризата врз економијата, Спасовски истакна дека сите предвидувања укажуваат дека ќе има пад на глобалниот БДП и затоа е важно полека да се преминува кон фазата на закрепнување на економиите.

–  Во таа насока го поздравуваме Повикот на ЦЕИ за предлог проекти како одговор на кризата со КОВИД-19. Знаеме дека одѕивот е огромен, што покажува дека нашите компании и цивилното општество се погодени од кризата, но истовремено дека тие се и посветени да придонесат за надминување на економско-социјалните последици со нивни идеи и иницијативи. Дополнително, сакам да ја поздравам посветеноста на ЦЕИ преку нејзиниот Фонд во Европската банка за обнова и развој, во поддршка на проектите за инфраструктурно поврзување со регионална димензија кои се дел од нашите стратешки планови и не обврзуваат да продолжиме да работиме заедно за нивна реализација, нагласи Спасовски.

Во своето обраќање, Спасовски се осврна и на проектот кој оваа недела беше одобрен за подготовка на студија за проценка на биодиверзитетот и детектирање на потенцијалните ризици и влијанието на градежните активности за реализација на дел од автопатот Гостивар-Кичево.

– Благодариме за поддршката и цврсто веруваме дека имплементацијата на овој проект дополнително ќе ја зајакне регионалната соработка, рече Спасовски во обраќањето на Самитот на ЦЕИ кој се одржа под покровителство на Црна Гора.

 

Next Post

15: Владата ќе бара продолжување на вонредната состојба, 48 судии од Кривичен донирале за борбата против Ковид-19, петмина одбиле, Упатства за излез и влез во Македонија за избрани носители на јавни функции...

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk