ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Вкупно 48 судии од Кривичен донирале пари за борба против Ковид -19, петмина одбиле

Во соопштението на судот се вели дека со ова, судиите обезбедиле 50тина плати и барем за еден месец спречиле отпуштања на работници кои се најзасегнати од последиците поврзани со коронавирусот.

May 15, 2020 12:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Судиите од Кривичниот суд донирале по 12 илјади денари за борба со пандемијата од вирусот Ковид-19. За оваа намена донирале вкупно 48 судии, а петмина одбиле.

Во соопштението на судот се вели дека со ова, судиите обезбедиле 50тина плати и барем за еден месец спречиле отпуштања на работници кои се најзасегнати од последиците поврзани со коронавирусот.

„Како никогаш досега, со исклучок на пет судии, судиите од Кривичниот суд покажаа единство, колегијалност, а воедно и чувство за солидарност, правичност и етичност со граѓаните, па имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа државата, донираа вкупно 575.320 денари или во просек по 12.000 денари од судија што е повеќе од 20% од судиската плата“, стои во соопштението.

Кривичните судии велат дека со ова ги поттикнуваат и ги повикуваат, односно предизвикуваат сите граѓани со примања над 40.000 денари, како и сите други функционери да го следат овој пример.

„Имајќи предвид да примањата по разни основи (плати, додатоци, авторски права и сл.) на дел од адвокатите, нотарите, сопствениците и уредниците на медиумите, директорите и раководителите во банките, телекомуникациските оператори, ЕВН, претседателите и нивните соработници во синдикалните организации, сопственици на угоститлски објекти и обложувалници се повисоки од оние на судиите во Кривичниот суд, ги предизвикуваме да покажат доблест и солидарност, да донираат сразмерно со нивните примања, а потоа да повикаат и други граѓани да донираа со цел да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно“, се вели во соопштението.

Првично, со одлука на Владата, предвидено беше сите избрани и именувани функционери да земат минимална плата, односно 14.500 денари за месеците април и мај.

Токму Здружението на судии поднесе инцијатива до Уставниот суд незадоволни од ваквата владината уредба, нешто што предизвика жестоки реакции во јавноста.

По иницијативата на Здружението, судот ја замрзна одлуката, а потоа и ја поништи, што практично значеше дека избраните и именуваните функционери, судии и обвинители, ќе ја земаат целата плата за април и за мај.

Next Post

Владата ќе бара од Пендаровски нови 30 дена вонредна состојба

Најново

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

Маск на суд против OpenAI: Бара 130 милијарди долари отштета и предупредува на „Терминатор сценарио

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk