Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала 113 прекршоци за неносење на заштитна опрема на лицето, соопшти МВР. Казната за непочитување на оваа мерка е 20 евра.
Во однос на полицискиот час изминатата ноќ, МВР регистрирала прекршувања од 46 лица, од кои 41 биле приведени.
Во последните 24 часа биле издадени решенија за изолација на 85 лица, а изјави за самоизолација потпишале 18.
Не се регистрирани прекршувања од страна на оние граѓани кои веќе се наоѓаат во изолација или самоизолација.