СПРОВЕДУВАЊЕТО на изборите бара внимателност и одговорност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам за граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт, напиша Заев во пост на Фејсбук.
МИНИСТЕРОТ за надворешни работи, Никола Димитров во пост на Фејсбук напиша дека грешката на инернет страницата на НАТО е исправена и појасни дека станува збор за графа за државјанство, а не за етнички идентитет.
КОСОВСКИОТ премиер Албин Курти, му изрази честитки и поддршка на премиерот Оливер Спасовски, за начинот на кој земјата се справува со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.
ШИЛЕГОВ на Фејсбук: Само тотално неук и лаик врши промена на флотилата одеднаш. Од проста причина што на тој начин, целата флотила наеднаш се амортизира и станува неупотреблива.
САШКА Цветковска на Фејсбук: Аплауз за охрабрување за единствената девојка, млад лекар од тимот од ЈЗУ УК за Државна Кардиохирургија, Соња Граждани која е и ко-основач на Клуб на Млади Лекари во којшто со својот колега Никола Брзанов се борат за подобри права на младите лекари и студенти и се залагаат за систем без корупција.
ИМАМОТ Максут Абази решил уште од крајот на март годинава да не дозволува намаз со верници во џамијата во Порој. Ваквата одлука ја донел за ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, се вели во текст на Алсат М.
Во ПОЛИЦИСКА станица денеска во скопски Бутел, во 17,47 часот О.И. пријавил дека на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, кај новиот дел после надвозникот од десна страна, од две патнички моторни возила во негов правец било пукано со автоматско оружје.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со коронавирус досега се заразиле 5.360.982 лица. Од нив починале 341.830, а оздравеле 2.187.422 луѓе.
А. Н. Стојчевски