ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Изборите се решение, а не проблем!

Државата ни се наоѓа во крајно комплицирана состојба, пред новиот бран на епидемијата наесен, заедно со сезонскиот грип, за што предупреди и Светската здравствена организација.

May 23, 2020 18:26
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Спроведувањето на изборите бара внимателност и одговорност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам за граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт, напиша Заев во пост на Фејсбук.

Денеска заедно со кандидатите за пратеници од мојата изборна единица, 4, тука во Струмица, имавме состанок со Регионалниот изборен штаб. Состанокот се организираше според сите протоколи за заштита од Ковид кои ги имаат усвоено здравствените власти.

Зборувавме за актуелната состојба со коронавирусот во државата, за мерките за заштита на граѓаните и потребата од реализација на изборите во првиот можен момент.Државата ни се наоѓа во крајно комплицирана состојба, пред новиот бран на епидемијата наесен, заедно со сезонскиот грип, за што предупреди и Светската здравствена организација. Со распуштено Собрание, со техничка Влада која имаше мандат за организирање на предвремените избори на 12 април.

Со останатите кандидати за пратеници потврдивме дека крајно потребно и одговорно е да се најде решение за изборите да се одржат пред почеток на летото, најмногу заради здравјето на луѓето.

Затоа нашата, мојата порака денеска е: Изборите се решение, а не проблем!

Спроведувањето на изборите бара внимателност и одговорност од секој од нас, при што јасно е дека изборите се единствениот демократски механизам за граѓаните да го вратат легитимитетот на законодавната и извршната власт.

Граѓаните да одлучуваат е врвна демократска придобивка.

Изборите се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија.

Избори треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и согласно состојбата со епидемијата.

Денес уште еднаш порачуваме дека сите имаме и обврска и одговорност да водиме прилагодени, контролирани, нов тип на кампањи, со сите мерки на заштита и се разбира, без масовни настани.

Исто така, уверени сме дека институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на гласањето. Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР ќе биде гаранција дека слободно изразената волја на граѓаните ќе биде легитимна.

На граѓаните им се неопходни законодавна и извршна власт со полн капацитет, пренесен суверенитет и доделена одговорност за управување со земјата.

Северна Македонија мора подготвено и со 100% капацитет на институциите да го дочека септември.

Да бидеме целосно спремни за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот.

Функционалните институции се неопходни и за рестарт на економијата.

Здравјето и живеачката на луѓето се најважни, а затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.

Ние сакаме избори на кои ќе учествува опозицијата. Ние имаме силен демократски капацитет, и како и до сега, ќе направиме се опозицијата да си ја преземе својата одговорност. Заврши времето кога опозицијата, во тоа време СДСМ, дознаваше од телевизија кога ќе се одржат изборите. Се разбира, доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избор освен да ги почитуваме законските рокови на изборниот процес.

Почитувани, оддаваме јавно признание на мнозинството граѓани за почитувањето на мерките за превенција и заштита од вирусот. Свесни сме, ова е тежок период во кој сите заедно се откажуваме од претходните секојдневни навики, изложени на стрес и неизвесност.

Истовремено, изразуваме огромна благодарност до лекарите, здравствените работници, полицајците и сите оние кои деноноќно се борат за нашето здравје.

Борбата со вирусот продолжува. Вирусот е присутен и нема скоро да си замине.

Но, тоа е „новата нормалност“. Секојдневно новата нормалност ни кажува дека, додека не се пронајде вакцина, ќе мора да научиме да живееме и да се справуваме со овој невидлив и опасен непријател.

Затоа, уште еднаш апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките, бидејќи тоа е единствениот начин да се спречат пикови на заразата, се вели во соопштението на официјалната страна на СДСМ за обраќањето на претседателот на партијата, Зоран Заев.

 

Next Post

Соња Граждани, единствената девојка, млад лекар во тимот, активист за права и подобри услови на пациентите

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk