Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, по повод 23 Mај, Националниот ден на Власите, на својот фејсбук профил упати честитка до сите припадници на Влашката заедница во земјава.
„Со особено задоволство од името на СДСМ и од мое лично име го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите.
Денеска го одбележуваме Националниот ден на Власите, но оддаваме и признание, благодарни за се она што го направија и се уште го прават за нашата заедничка татковина.
На овој ден со гордост се сеќаваме на значајната улога на сите Власи кои храбро и пожртвувано учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во борбата за слобода, државност и независност. Влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето соверемено општество, заедништвото и меѓусебното почитување.
Честит 23 мај, Национален ден на Власите!
Ti multsa anj Dzua Nacionala Armanjlor!“