Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на увид во градежните работи на патот Фариш – Дреново, истакна дека и покрај настанатата криза, градежните работи течат со засилена динамика. Инвестицијата од 1.5 милиони евра се реализира со тековното работење, а за 10 до 15 дена се очекува патот да биде целосно пуштен во употреба. Ова е прва реконструкција на патот во 40 години.
Инвестициите во патната инфраструктура како никогаш до сега се реализираат со силна динамика.
Од реконструкцијата на делницата Раец – Фариш. Продолжуваме, напиша Сугарески во пост на Фејсбук.
A. H. C.