ЏАНДАРСКО мочуриште – Нема ништо политички поубиствено за една партија од тоа раководството на партијата да е потпаднато под силни влијанија на аморфни безбедносни структури. Колумна на Сашо Орданоски.
ДВА авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Република Грција, прелетаа над територијата над Скопје. Прелетувањето е во чест на нашето членство во НАТО.
ГУВЕРНЕРОТ на Минесота, Тим Волц синоќа ја активирал Националната гарда поради насилните протести во Минеаполис по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд при апсење.
СИТЕ бараат начин да се одржат изборите, ВМРО-ДПМНЕ причина да се одложат! пишува Слободен печат.
ПРИВЕДЕН премиерот на БиХ поради аферата со неупотребливите респиратори од 5,3 милиони евра.
АГЕНЦИЈАТА за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) ги осудува заканите што вчера беа упатени кон новинарската екипа на ТВ Клан во Кумановско и потсетува дека ваквите појави претставуваат загрозување на слободата на информирање.
МТСП Обезбеди 658 пакети со храна за жртви на семејно насилство. Поддршката е наменета за 329 регистрирани жртви на семејно насилство, за кои во месеците мај и јуни се обезбедени пакети со храна. Дистрибуцијата се врши преку Републичкиот Црвен Крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.
ИТАЛИЈАНСКИОТ министер за спорт, Винченцо Спадафора, официјално го објави продолжувањето на првенството и Купот на земјата. Натпреварите во Серија А ќе продолжат на 20 јуни, Купот на Италија на 13 јуни.
АНГЕЛОВСКА на „Womеn in Tech“: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата.
ИЗГОТВЕНИ се протоколи за уписи, има упатство за скратени наставни програми. Им оставивме флексибилност на универзитетите, базирајќи се и на нивната автономија. Силно веруваме дека секој универзитет, секоја единица, академската заедница, ќе пристапи одговорно кон ова прашање, додава Адеми.