СДСМ е секогаш на терен со граѓаните. Сепак со почитување на протоколите, се работеше за партиска активност, која што имаше едукативен карактер, значи се делеше материјал поврзан со корона кризата, се почитуваат сите правила, всушност ние ги почитуваме кој што ги постави комисијата за собири, состаноци, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петтов во вечерашното онлајн вклучување во Топ тема на Телма.
„Тоа го прават сите политички партии, ние се разбира ги споделуваме информациите, ги споделуваме сликите, видео материјалите од средби, со цел да им покажеме на другите како треба да изгледа еден состанок во оваа нова ера на корона кризата, сите политички партии имаат свои партиски активности и мој апел е до сите да ги почитуваме правилата, да држиме дистанца, да носиме маски бидејќи сепак повторно ќе кажам можеби ќе звучи клише, но здравјето е најважно. Повторно ќе напоменам дека најважно во оваа нормалност, во ова ново време на живеење, да ги почитуваме протоколите, протоколите се јасни, се додека ги почитуваме протоколите, тоа што ние го правиме не треба да претставува негативен ефект“, вели потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.
Бројките на новозаразени, не се тоа што треба да бидат, вели Петров.
„Се надевам дека бројот нема да продолжи да расте, а сите треба да се адаптираме на новото нормално и да ги почитуваме мерките за заштита, одржување дистанца, носење заштитни маски, дезинфекција. Најважно е да ги почитуваме протоколите и мислам дека тоа апсолутно е правило за сите граѓани и за сите политички партии“, нагласи Петров.