ЗАПОЧНА уписот на ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 во основните училишта во Општина Карпош.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Скопје, Петре Шилегов, се огласи на својот официјален Фејсбук профил со демант на тврдењата на советничката група на ДПМНЕ во градскиот совет во врска со набавка на теренски возила за редовно работење на депонијата Дрисла.
ПРИ денешната посета на Валандово, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, направи увид во градежните работи на системот за наводнување кој е со должина од 85 километри и кој ќе биде готов 6 месеци пред предвидениот краен рок. Овој проект, истакна Николовски, значи унапредување на производството во земјоделството, а со тоа и поголема конкурентност.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на општина Чаир, Висар Ганиу вели дека вчера имал контакт со лице кое подоцна се дознало дека истото било позитивно на коронавирус. Денеска му бил земен брис, а во текот на утрешниот ден ќе се знае и резултатот од тестирањето.
ФУДБАЛЕРИТЕ на Ливерпул го испочитуваа споменот на Џорџ Флојд, кој беше жртва на полициска бруталност во САД.
Во ЗНАК на протест за смртта на Џорџ Флојд, Спајк Ли објави краток филм во кој е претставен начинот на третирање кон Флојд од страна на полицијата, како и Ерик Гарнер и Радио Рахим, лик од филмот на Ли, „Do the right thing“, пишува Гардијан.
ДИРЕКТОРОТ на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге предупреди дека може да се случи втор, посмртоносен бран на Ковид-19 оваа есен, пренесе британски Сан.
СПОРЕД последните податоци, во светот до сега има 6.317.156 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 374.988, а оздравеле 2.876.232 луѓе.
А. Н. Стојчевски