ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи: Растот на бројот на заразени се должи на непочитување на мерките, не на отворањето на џамиите

По неуспешниот обид на Владата на 15 март за да ги убеди верските заедници за спречување на колективните верски активности (средба која што беше реализирана во Влада), на 17 март 2020 ја посетив ИВЗ и по една конструктивна и аргументирана средба, заедно со високите претставници на ИВЗ, јавно ја соопштивме одлуката за затварање на џамиите.

June 1, 2020 21:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Слушам многу шпекулации за улогата од секој од нас во време на пандемија, посебно, конформизмот на политичарите спроти верските заедници. Еве една објективна хронологија на мојата улога, напиша вицепремиерот Бујар Османи на Фејсбук.

„По неуспешниот обид на Владата на 15 март за да ги убеди верските заедници за спречување на колективните верски активности (средба која што беше реализирана во Влада), на 17 март 2020 ја посетив ИВЗ и по една конструктивна и аргументирана средба, заедно со високите претставници на ИВЗ, јавно ја соопштивме одлуката за затворање на џамиите.

Одлука за што околу 2 месеци бев силно критикуван и навреден од страна на многу граѓани. Но, одлука која што беше почитувана доследно и од страна ана верниците и од институцијата, дури и за време на рамазанскиот пост. На пикот на религиозните емоции, некои опозициски политичари, на 8 мај почнаа да прават пресија и јавен повик за отворање на џамиите.

Истиот ден јавно реагирав нарекувајќи ги политичари кои што никогаш не побараа отворање на училиштата, иако учениците со месеци останаа по улици. На 9 мај 2020 ИВЗ малку под притисок на ваквите повици но и на луѓето, без координација, неинформирано и спротивно од нашите препораки, донесе одлука за отворање на џамиите на 12 мај.

На 10 мај, јавно ги повикав верниците да не одат на колективна молитва се додека не се надмине ризикот, што беше многу не-популистички, во месец кој е свет за муслиманите. Но јас сум лекар, и никогаш на луѓето не им го кажувам тоа што тие сакаат да го слушнат, само поради тоа што звучи помалку болно, туку ја кажувам вистината. На 10 мај, го подготвивме протоколот за самозаштита и одржување на физичка дистанца за време на верските обреди.

На 10 мај, ја посетив Струга каде што се сретнав со локалните верски претставници со кои се договоривме дека нема да имаме повеќе верски иницијативи без координација со нас и дека ќе се почитуваат протоколите. Но, исто така побарав да се спречи и асиметричната хистерија кон верниците, што водеше кон прекумерна меѓуврска поларизација, по настаните во Струга.

На 12 мај, на првиот ден од отворањето, сите медиумски репортажи зборуваа за почитување на протоколот и дисциплината на граѓаните. Иако не бев за рано отворање на верските објекти, сметам дека зголемувањето на бројот не е поради отворањето на џамиите и враќање на животот во некаква нормала според протоколите, но токму поради непочитувањето на мерките за заштита и игнорирањето на опасноста лично од граѓаните.

Да се однесуваме сите како да сме позитивни, и како секој околу нас да е позитивен“, пишува Османи.

Next Post

Петров на Топ тема: На состанокот со Зекири беа почитувани сите протоколи, мојот тест е негативен

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk