ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Академик Ќулавкова објави твит со говор на омраза, пa го избриша

June 6, 2020 23:32
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Академик Катица Ќулавкова, членка на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) предизвика огорченост на социјалните мрежи откако објави твит со кој изнесува ставови кои беа оценети како националистички и шовинистички, пишува МЕТА.

Ќулавкова на својот твитер профил објави твит со текст „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, на иста линија со наративите кои ги шират националистичките и шовинистички кругови во Северна Македонија, според кои за ширењето на болеста ковид-19 се виновни етничките заедници кои не се етнички Македонци и христијани.

Снимка на екранот од избришаниот твит на академик Катица Ќулавкова, членка на МАНУ

Под „соживот“ генерално се подразбира практиката на вековно заедничко живеење и толеранција меѓу различните етнички и верски заедници од Република Северна Македонија, која е спротивност на практиката на етничко чистење и геноцид која поради напливот на национализам ја искусија неколку други балкански земји во војните при распадот на бивша Југославија.

Твитот на Ќулавкова бил споделен 53 пати, претежно од анонимни твитер профили кои се дел од „армијата на тролови“ што редовно дава поддршка на десничарската популистичка партија ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа „фарма“ е дел од пропагандната машинерија, чиј дел се и низа влијателни медиуми со делумна унгарска сопственост, која деновиве засилено ги обвинува муслиманите, особено етничките Албанци и Роми, како главни преносители на новиот корона вирус и виновници за засилувањето на епидемијата.

Многумина реагираа исклучително негативно на ваквиот потпалувачки твит. Така, реномираната писателка Румена Бужаровска изјави преку својот профил Фејсбук:

„Би било прекрасно еднаш и засекогаш академската заедница а и останатите да престанат да ја сметаат оваа личност за некаква интелектуалка и да ѝ даваат легитимитет и понатаму да шири националистичка омраза и паника“

Посетата на твитер-профилот на Катица Ќулавкова околу три и пол часа по објавата покажа дека таа си го избришала потпалувачкиот твит. Веднаш потоа таа објавила нов твит со текст: „Твитот е личен и нема никаква врска со меѓуетничката македонска ситуација.“

Katica Kulavkova@kkulavkova
Replying to @kkulavkova

Твитот е личен и нема никаква врска со меѓуетничката македонска ситуација.

3

9:32 PM – Jun 6, 2020
Twitter Ads info and privacy
See Katica Kulavkova’s other Tweets
До сега ниту една од државните академските институции, меѓу кои и МАНУ и државните универзитети, се немаат произнесено со став или покренување дисциплински постапки во конкретни случаи кога одредени нивни членови односно професори ширеле говор на омраза или дезинформации.
Извор: МЕТА
Next Post

Филипче: Горд на Службата за итна медицинска помош која ја дава својата максимална заштита за сите пациенти

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk