ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Денес се одбележува Светскиот ден на безбедна храна

June 7, 2020 10:56
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 600 милиони луѓе се разболуваат, а 420 илјади умираат секоја година како резултат на небезбедна храна загадена со бактерии, вируси, паразити, токсини или хемикалии, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Денеска се одбележува Светскиот ден на безбедната храна кој беше востановен минатата година од страна на Организацијата на Обединетите нации. Целта е да се подигне јавната свест за безбедноста на храната и да се информира јавноста за важноста од превенирање и управување со ризиците поврзани со неа.

Кон оваа глобална иницијатива денеска се приклучува и Агенцијата за храна и ветеринарство од каде информираат дека и во услови на пандемијата со КОВИД-19, во земјава се реализираат сите активности од областа на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.

– Засилени се и инспекциските контроли како еден од приоритетите за грижа за здравјето на граѓаните и во услови на прогласена пандемија, кога граѓаните и операторите со храна функционираат во нови, досега непознати услови за живеење, но и за производство и трговија со храна, велат од АХВ.

Досега се спроведени над 14.700 инспекциски контроли, а како најчести недоследности се оние кои се однесуваат на неодржувањето на хигиената во објектите, неводењето на записи согласно HACCP  плановите за контрола на критичните контролни точки и неспроведувањето на мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

– Потврда на функционалноста на интегрираниот систем за контрола на безбедноста на храната на Агенцијата за храна и ветеринарство е фактот дека веќе 18 месеци не се евидентирани случаи на труења со храна, посочува АХВ.

Оттаму информираат дека со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се подигне безбедноста на храната на едно повисоко ниво во услови на пандемија донесени се сет препораки кои се однесуваат на транспортот на стоки во меѓународниот и внатрешниот превоз, како и на  безбедното пазарење  во маркетите, безбедноста при подготовката на храната во домовите и зголемувањето на безбедносните мерки во капацитетите за производство, преработка на храна, трговијата и угостителството.

Next Post

Забраната за движење не ја почитувале 154 лица, маски не носеле 386

Shortcut

Најново

Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk