МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче, во пост на Фејсбук објави слики од новиот изглед на комплетно реновираниот специјалистичко-консултативен оддел на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.
ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, регистрираа десет нови случаи.
ДИРЕКТОРОТ на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, извршија увид во градежните активности на затворениот пливачки базен во училишниот двор на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, како и на трим-патеката во оваа скопска општина.
ГРАЃАНИТЕ кои ќе купуваат домашен производ, при скенирање на сметките за поврат на ДДВ наместо 15% отсега ќе добиваат 20%.
ПРИЈАВУВАЊЕТО и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување на 16 и 17 јуни 2020 година.
ПО 25 години e реобјавен и онлајн промовиран прирачникот за правоговор „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ од авторите Владо Димовски и Јордан Јорданоски.
Во ТЕКОТ на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.
А. Н. С.