ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Богоевски: За сите Преспанскиот договор е најзначаен за напредок на државата, освен за ВМРО-ДПМНЕ и десните левичари

June 17, 2020 13:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денес навршуваат две години од потпишувањето на Преспанскиот договор. Со исклучок на ВМРО ДПМНЕ, десните левичари и уште грст други бојкотирачи, за сите останати во државата, регионот и светот, овој договор и политичките процеси кои беа поврзани со него се најзначајниот напредок кој нашата држава го има направено од своето осамостојување до ден денес.

Дури и денес, како и тогаш, опонентите на македонскиот прогрес на овие процеси гледаат како на најголемото предавство на сопствениот народ и нација и сè уште нè убедуваат во глобалниот антимакедонски заговор кој ете, само што не се реализирал и од кој може да нè спаси само ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мисцкоски. Бидејќи таква Македончина нели, се раѓа само еднаш. Исто како и груевски пред него.

Затоа, ајде да видиме како овие две години, напредува тој, „антимакедонски заговор“.

Фактот на крајот на денот е дека Преспанскиот договор не резултираше со бришење на македонскиот народ, нација и јазик, туку напротив. Овие две години – за прв пат од нашето осамостојување, во меѓународниот сообраќај ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик. На оние кои ќе замерат за задолжителната додавка дека сме граѓани на Северна Македонија, ќе им кажам дека сега барем сме Македонци граѓани на Северна Македонија, а не генерички „граѓани на ФИРОМ“.

За прв пат, нашиот јазик е впишан во светскиот регистар како македонски, без никаква придавка или додавка. Тоа дека навистина е потребна сеопфатна државна стратегија за заштита, зачувување и унапредување на македонскиот јазик е сосема друга работа и нема врска со Преспанскиот договор.

За оние пак, кои се плашат дека Македонија ќе отиде во заборав – овие две години зборот Македонија, во светски рамки е споменуван повеќе пати од кога било претходно во историјата на нашата сè уште, релативно млaда Република. И тоа, во позитивен контекст. Што се однесува до забелешките дека овие две години, зборот Македонија секогаш се користи заедно со зборот „Северна“ – барем не се спомнува заедно со „заробена држава“ или „меѓуетнички конфликт“.

Да бидеме реални, друштво. Работата е далеку од завршена. Гледаме дека имплементацијата на Договорот со Бугарија веќе наиде на првите пречки. Можеме и да претпоставиме дека имплементацијата на договорот со Грција нема воопшто да оди лесно – посебно кога ќе започнат процесите на евроинтеграција.

Но, дали тоа значи дека комплицираната имплементација го понишутва огромниот бенефит на овие процеси? Никако. Тоа што денес се очигледни разликите со нашите соседи, не значи дека претходно не постоеја. Само што, не се разговараше за нив. Сите Влади, која како ќе дојдеше, само долеваа масло во огнот бркајќи ефтини политички поени и експоненцијално влошувајќи ја работата. Сега тие разлики се на отворено, а ограничувањата врз нашата држава се отстранети и ние, сакале опонентите да признаат или не, цврсто чекориме напред.

Исто така, мораме да бидеме реални и за цената на политичките процеси поврзани со Преспанскиот договор. Да, цената беше висока. Но, не по македонскиот идентитет, народ или нација. Високата цена дојде со политичките компромиси кои мораше да се направат за да се обезбедат 80те гласа во Собранието. Со ударот врз борбата за некомпромисна правда без влијание на политички интереси. Без разлика што амнестиите за сите кои на 27ми април не беа вклучени во насилството и неговата организација се разликуваат квалитативно (законит, транспарентен и јавен процес), но и квантитативно (број на лица ослободени од прогон) од сите претходни политички компромиси – гласот ЗА амнестијата е најтешката одлука која ја имам донесено во животот.

Но, знаете што? Без разлика на цената, повторно би го сторил истото. Продолжуваме напред, другари и другарки!

Фејсбук пост на Павле Богоевски

Next Post

СДСМ: Преспанскиот договор е државничка и храбра одлука на Заев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не успеаја да го закочат напредокот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk