На листата на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата Можеме за претстојните парламентарни избори на 15 јули 2020 година, во сите седум изборни единици, може да се забележи еднаква родова застапеност. Носители на листи се комбинација машко/женско, а може да се нотира дека во рамноправен дух се и целите листи. На листите пак во кои во регионите има население од повеќе заедници, застапена е и етничка рамноправност.
Во првата изборна единица, носители на листа се Никола Димитов и Мила Царовска.
Во втората ИЕ носители на листа се Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.
Во третата ИЕ носители се Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.
Во четвртата ИЕ, носители на листа се Зоран Заев и Соња Мираковска.
Во петтата ИЕ, носители на листа се Радмила Шекеринска и Јован Митрeвски.
Во шестата ИЕ носители се Биљал Касами и Фаница Николовска.
На листата на пратеници во седмата изборна единица има тројца кандидати, Ацо Лукаровски, Славе Груевски и Габриела Јаков.
И.Т.З.