ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Отворањето на границите не е политичка одлука, се темели на мислењето од Комисијата за заразни болести

June 24, 2020 11:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Отворањето на границите не е никаква политичка одлука донесена во корелација со изборите, туку се темели исклучиво на епидемиолошките анализи и мислењето од Комисијата за заразни болести, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски.

На прес-конференцијата во Владата, Спасовски порача дека мора да се научиме да живееме со вирусот, а тоа значи да се почитуваат препораките за носење на лична заштитна опрема, држење на дистанца и честа дезинфекција.

– Отворањето на границите го најавуваме веќе подолго време зависно од анализите што ги прави Комисијата за заразни болести, а тие пред се, се темелат на тоа каква епидемиолошка слика имаме кај нас, во регионот и во поширокото опкружување. Европската унија ги отвори границите за државите членки на ЕУ, а од 1 јули се најавува и кон трети земји каде ќе бидат и државите од целиот наш регион така што ние мора да се научиме дека треба да живееме со вирусот, рече Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање.

Според него, крупните рестриктивни мерки го дале својот максимум, а она што сега останува е преку личната одговорност да се придонесе колку е можно повеќе да се држи вирусот под контрола.

Тоа што на денот на изборите не е предвиден изборен молк, според Спасовски, не е превид или намерно направено, туку како што рече, ДИК ќе ги определи сите чекори што се однесуваат на изборниот процес.

– Новина е тоа што сега заради ситуацијата ќе имаме два дена гласање за да може да гласаат сите кои се во изолација и КОВИД позитивните, како и старите и изнемоштени лица, така што оваа кампања практично ќе трае помалку од 20 дена. Многу поважно е каква ќе ни биде кампањата, како ќе ги пратиме пораките до граѓаните, колку ќе бидеме на висина на задачата да бидеме достојни на на перцепцијата за нас како држава и демократскиот капацитет којшто го имаме. И говорот за омраза да го замениме со проекти и визија, рече Спасовски.

Во однос на тоа како ќе се организираат мини митинзите и колку тие се безбедни за граѓаните, Спасовски рече дека мерките што се донесени значат не само колективна, туку и лична одговорност.

– Ако бидеме одговорни и ако секој од нас придонесе за здравјето, тогаш немаме ризик. Ако имаме неодговорност, а најголемата неодоговорност е на политичарите, оние кои треба да ја пратат пораката до граѓаните, тогаш имаме сериозен проблем. Имате затворени теретани, имате политичари кои одат во теретани, имате затворени ресторани, имате политичари кои со одбрано друштво седат внатре и ги злоупотребуваат мерките. Ова само сакам да укажам на примери во кои личната одговорност е многу значајна, рече Спасовски.

Next Post

Шест лица загинаа во земјотрес во Мексико, издадено е предупредување за цунами

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk