НОВА аудио снимка се појави на„Јутуб“, од разговор меѓу Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и осудениот во случајот Рекет, Зоран Милески-Кичеец.
ФРОНТ: Македонскиот политички хорор – пишува Џабир Дерала.
НЕМА сеча на шума кај водопадот во Длабочица, МВР ќе утврди кој и зошто ангажирал градежна машина, соопшти денеска ЈП „Национални шуми“.
СОЈУЗОТ на синдикатите на Македонија бара работодавачите согласно Колективните договори да исплатат регрес за годишен одмор на почетокот на месец јули.
АТАНАСОВ, Живковиќ и Димитриевски: Кандидатурите за ректор ги ставивме во мирување, не се повлекуваме и не бојкотираме.
ЗАПРЕНИ решенијата за самоизолација и карантин за лица кои влегле во државата со негативен ПЦР тест.
СИТЕ јавни седници и расправи закажани за следната недела во Кривичниот оддел на Апелацискиот суд Скопје се одложуваат, информираат денеска од Апелација.
ХРИСТИЈАН Андовски, ученик во средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес, освои второ место во финалето на Европскиот квиз на парите – најголемо европско натпреварување во сферата на финансиската едукација.
СПОРЕД податоците на Државниот завод за статистика во земјава лани се регистрирани 19.845 живородени и 20.446 умрени лица, со што природниот прираст е негативен и изнесува – 601.
ВО текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 672 прекршоци.
ПОРАНЕШНИОТ шведски премиер, Карл Билт, изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен доколку се потврди обвинението против него.
ИСПРАЌАЊЕТО на роверот „Perseverance“ на Марс е одложено за 22 јули годинава, како резултат на проблеми со опремата за поддршка од Земјата, соопшти НАСА.
ОД 1 до 14 јули во 19 локални заедници на поширокото подрачје на Лисабон ќе бидат во сила вонредни мерки поради епидемијата со новиот коронавирус, соопшти португалската Влада.
ВО Бразил во изминатите 24 часа регистрирани се 39.483 новозаболени лица со Ковид-19 и 1.141 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство.