Носителката на листа на пратеници во ИЕ 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска денеска се сретна со претставнички Форумот на жените од оваа општина. На состанокот се зборуваше за унапредување на родовите права и цврстата заложба на партијата да продолжат со политиките за родова еднаквост и економско јакнење на жените.
– Изминатиот период како Влада донесовме најлиберален Закон за прекинување на бременоста. Волјата на жената е најважна и таа сама одлучува за своето тело. Донесеме вистински вредности во општеството и ги јакнеме жените економски. Во сите програми за финансиска поддршка на бизниси жените се застапени со 50 проценти. Со поддршката на жените во нашата држава ги продолжуваме реформските процеси за социјална и праведна држава. Време е за 50-50, за силни жени кои рамноправно учествуваат во создавањето на силно општество, рече Царовска.