Фејсбук страницата Сеир со повеќе од 100.000 следачи, објави компилација од видео спот од изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и потестување како оваа партија повеќе од 11 години „се грижеше“ за младите. Во спотот Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен заменик-министер за информатичко општество, објаснува како неговата матична партија ќе ги унапреди правата на младите, доколку дојде на власт.
Муцунски вели, „младите заслужуваат подобри услови“, а во компилацијата со наслов „Тимчо Муцунски за младите“ прикажани се студентските протести од времето на ВМРО-ДПМНЕ, снимки на кои се гледа насилниот пристап на полицијата и апсење на младите.
Со ова видео, Сеир потсетува, како што пишува на страницата потсетува „Како ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за младите“.
И.З.