ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Кога се гради корумпирано и криминализирано, штетата ја плаќаат граѓаните

July 5, 2020 20:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога се гради неплански, корумпирано, криминализирано, цената се плаќа повеќекратно, изјави вицепремиерот Радмила Шекеринска и заменик-претседател на СДСМ која доцна попладнево ги посети и направи увид на поплавените населби кои вчеравечер претрпеа оштетувања од поројниот дожд во Битола.

Шекеринска од градоначалникот на Битола Наташа Петровска беше информирана дека невремето предизвикало штети кои со брзата интервенција на локалните комунални претпријатија значително се намалени.

-Градоначалничката денес можеше да каже овој инфраструктурен проблем не е создаден во мое време и не ме интересира, но ние ги решаваме и проблемите кои ни ги оставија во наследство пред 10, 7 или пред 5 години. Тие грешки ги плаќаат неколку генерации. Не може да се гради без вистински проекти, не може да се гради без стручност. Кога се гради неплански, корумпирано, криминализирано…, цената повеќекратно ја плаќаме и затоа даваме поддршка на општинските институции да констатираат ако некој има одговорност за незаконско, нестандардно работење, треба да одговара бидејќи цената сега ја плаќаат граѓани кои што купиле нови станови, во нови објекти, а сега треба да плаќаат за да го спасат својот имот, изјави Шекеринска во Битола.

Таа нагласи дека попладнево ја променила агендата за полтичка кампања во изборната единица се со цел да се приклучи на екипите што ги формирале градоначалничката и директорите на јавните претпријатија.

-Владата е на располагање за да помогне во оваа ситуација. Им честитам на сите што брзо реагираа, директорите на јавните претпријатија не чекале некој друг да ја заврши работата, туку биле на терен и им помагале на граѓаните. Со природата нема играње и овие екстремни промени, од екстремно жешко до поројни дождови се карактеристика на климатските промени на кои ќе треба да се навикнуваме, да се прилагодуваме и се да направиме за да ги спречиме ваквите штети. Очигледно е дека долгото неинвестирање во инфраструктура предизвикува последици и тие се провлекуваат со години, и за 2,5 години не може да се променат, рече Шекеринска. 

Ова, како што рече, покажува дека сме во право кога велиме дека парите мора да одат во модерна инфраструктура, и тоа во инфраструктура која постојано ќе се обновува и унапредува.  – Ние, во нашата програма презедовме обврска парите да одат кај граѓаните, кај приоритетите, а тоа значи не-за музеи, не-за споменици, не-за жални врби, а да-за инфраструктура која ќе прилега на 21 век, рече Шекеринска. 

Апелирам, рече Шекеринска, граѓаните да ги пријавуваат штетите, честитам на општината што го стави во функција механизмот за пријавување на штетите и само со ваква акција граѓаните ќе може да добијат поддршка од општината и од Владата.

Општинскиот кризен штаб во Битола одлучи и формира 15 екипи за брза интервенција во случај на пороен дожд.

-Граѓаните од утре може да доставуваат барања за обесштетување, истакна градоначалничката Наташа Петровска вечерва во Битола.

Next Post

Царовска: Со ТДП на 15 јули заедно победуваме

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk