Демократскиот сојуз, в сабота ќе го одржи VI- тиот Конгрес, на кој ќе се расправа за приоритетите на Демократскиот сојуз во наредниот четиригодишен период, како и за предизборните активности, соопштуваат од Демократски сојуз.
На Конгресот ќе бидат избрани партиските органи и тела (Централен Совет и др.), како и претседател на Демократскиот сојуз.
На Конгресот ќе учествуваат голем број на делегати и гости.
Конгресот ќе се одржи на отворено, пред хотелот Белви, на излезот од Скопје кон Куманово, со почеток во 11:00 часот.
Конгресот ќе се одржи согласно здравствените протоколи и заштитните мерки.