ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Изложба на ДЛУМ „Современа скулптура“ 2020

July 20, 2020 09:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура и Град Скопје, во рамките на манифестацијата Скопско културано лето, денеска ќе отвори изложбата „Современа скулптура“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, во ГТЦ  Скопје.

Оваа година селектор на изложбата „Современа скулптура“ е историчарката на уметност Марика Бочварова Плавевска, која истакнува дека при сопствената селективност на ликовниот продукт за конкретнава изложба авторите се во ситуација неминовно да се концентрираат нe само на личниот континуитет, туку и на моќта да се подготват како вистински лауреати и скулптори што носат иновации гледани од различни дискурси.

-Анахроното без контекст треба да го потиснат или пак да се посветат на потенцирање на јасните индикации на идејните претпоставки врзани за актуелниот миг. Истовремено е пожелно да се одбегнува комерцијалниот аспект што е во функција на приходи, за да се отвори можноста на вклучување во презентацијата што ја маркира скулпторската продукција во изминатата година, вели кураторката Бочварова Плавевска.

Според кураторката, исчекорот е во корист на уметникот којшто треба да опстои на ликовната сцена во Македонија, а партиципација во промената, вели таа, е мошне стимулативна за секој автор без разлика на генерациската припадност. Намерата е, вели, да се потврди сјајот на овие изложби, со можност и на откривање на нови таленти и нивно активно учество во промените, бидејќи нивната доминатност се оние што отсуствуваат. Оттаму е неминовно да ги потсетиме на минатото, посочува кураторката во текстот кон изложбата.

На изложбата учествуваат 13 уметници: Ана Димчевска Семенпеева, Андреј Митевски, Ангел Димовски Чауш, Вања Петрушевска Дуза, Љупчо Бојаров, Златко Бојковски, Јовица Мијалковиќ, Катерина Таневска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Филип Фидановски, Филип Цакоски, како и Боро Митриќевски – нашиот истакнат скулптор од чии семејство на изложбата се доделува една парична награда што го носи неговото име.

Изложбата ќе биде отворена денеска и ќе трае до 30 јули. Поставката поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети според работното време на Галеријата односно од понеделник до петок од 11 – 18 часот и во сабота од 10 – 15 часот. Галеријата е лоцирана во ГТЦ 2 кат локал 306, Скопје

Next Post

Онлајн промоција на прва книга за современа македонска музика на англиски јазик „Press & Play“ на Ненад Георгиевски

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk