ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шведска поддршка за економско јакнење на земјоделците и другите ранливи заедници

July 20, 2020 11:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемена неизвесност и невработеност, ограничена достапност на сезонска работна сила, нарушување на синџирите на обезбедување и пристап до храна, како и отсуство на директни мерки за поддршка на малите производители за справување со сиромаштијата, се клучните предизвици со кои ќе се соочи македонското земјоделство поради коронакризата.

Ова го покажува анализата на Националната федерација на фармери (НФФ) според која, земјоделците веќе ги чувствуваат овие проблеми.

ННФ информира дека за полесно справување со ситуацијата, во соработка со шведската организација за развој We Effect и нејзините останати партнери во земјава, ќе се спроведе проект кој предвидува не само итна интервенција, туку и придонес кон самоодржливост и резистентност на ранливите заедници на слични шокови во иднина.

Проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување во Северна Македонија“, вреден 1.500.000 шведски круни, финансиран и развиен во соработка со Шведската амбасада во Северна Македонија, ќе трае до крајот на 2020 и ќе биде спроведен на територијата на целата држава. Целта е да го зајакне капацитетот на руралните и маргинализираните заедници во земјава за брз и ефикасен одговор на нанесените економски штети од пандемијата и да им го отвори патот кон прилагодлив, инклузивен и одржлив развој.

Коучесници во проектот, покрај НФФ, се и Мрежата за рурален развој, како и Националниот ромски центар (НРЦ).

-Овие проблеми ние земјоделците ги чувствуваме и не сме моќни самите да се справиме со нив. Преку овој проект очекуваме дека ќе се направат интервенции за минимизирање на нарушувањата на синџирите за обезбедување на храна во согласност со потребите и предизвиците на земјоделците, посебно на жените и младите и балансирање на понудата и побарувачката во земјоделството, вели претседателката на НФФ, Васка Мојсовска.

Според амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, сѐ уште е рано да се проценат севкупните последици од пандемијата, но ќе биде потребно преземање многу мерки за да се намалат нејзините ефекти.

-Шведска долги години соработува со We Effect во Северна Македонија и сметаме дека оваа иницијатива е важен одговор за ублажување на последиците од пандемијата, поврзани со обезбедноста со храна и економското зајакнување на најранливите категории на луѓе во Северна Македонија, особено оние кои живеат во руралните средини. Во доменот на развојот, Шведска останува посветен партнер на луѓето од Северна Македонија, истакнува амбасадорката.

Како што нагласува НФФ, руралните области во Северна Македонија се дом на 40 проценти од вкупното население во земјава и две третини од сиромашните. Со кризата настаната како резултат на пандемијата, многу семејства од руралните средини се соочуваат со егзистенцијални проблеми, малите бизниси имаат потешкотии во работењето, а луѓето кои веќе егзистиираат на маргините, сѐ повеќе осиромашуваат. Најголемите проблеми на земјоделците се нарушените синџири на снабдување и отсуството на сезонски работници.

Ситуацијата е особено тешка ако се погледне низ призмата на секојдневието на сиромашната ромска популација која во најголем дел егзистира од сивата економија, продавајќи облека или собирајќи стара хартија и пластика – извори на приход кои во моментов се доста органичени.

-Како што последиците од пандемијата стануваа сѐ поочигледни, видливо влијаејќи на егзистенцијата на најранливите заедници во Северна Македонија, сфативме дека е од пресудно значење да преземеме конкретни активности. Се надевам дека овој проект ќе донесе позитивни промени и ќе обезбеди сигурна иднина за земјоделците, особено за жените и младите од руралните средини, како и за маргинализираната ромска заедница,нагласува Анели Леина, регионална директорка на We Effect.

Мрежата за рурален развој веќе ги идентификуваше проблемите и предизвиците во руралните средини, настанати како последица на пандемијата.

-Особено се радувам што овој проект ќе ни овозможи, не само директно да се справиме со тие предизвици, туку и да понудиме иновативно и долгорочно решение за економско зајакнување на руралните средини и обезбеденост со храна за ранливото и маргинализирано население, истакнува претседателот на Мрежата за рурален развој, Петар Ѓоргиевски.

НРЦ, пак, се надева дека постоечкото високо ниво на исклученост од вработеност на Ромите ќе биде решено и ќе се постигне напредок.

-Проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување во Северна Македонија“ работи на промовирање на самоодржливи системи за обезбедување со храна кои ќе бидат родово сензитивни и еднакво достапни за сите. Преку повторно воспоставување и воведување алтернативни пазарни врски за земјоделците, создавање центри за храна и обезбедување на економски перспективи за ранливото население кое ги вклучува жените, младите и ромската заедница, се нудат решенија кои ќе го подобрат живеењето и ќе ги заштитат ранливите категории на луѓе сега и во иднина, дополнува НФФ. /МИА/

Next Post

Протести пред бугарскиот Парламент, пратениците расправаат за доверба на Владата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk