MАНДАТИТЕ засега остануваат исти, партиите имаат право на тужби до Управниот суд за отфрлените приговори на ДИК.
ДЕРКОСКИ: Државната изборна комисија работеше според закон.
ИСТРАГА И САНКЦИИ за забавите на кои не се почитуваат здравствените протоколи.
ФРОНТ: 105 ПРИЧИНИ заради кои ДУИ ќе оди во опозиција? – дознајте повеќе во најновата колумна на Сашо Орданоски.
ДИРЕКТОРОТ НА ЗОО Галетановски удрен од пијан возач кај Универзална сала.
ПО изработените мурали во Битола, Скопје, Гевгелија и Кочани, вчера и влезот на град Велес доби свој мурал како дел од програмата на фестивалот за современи уметности АКТО.
СОНЧЕВО со мала до умерена облачност.
ЕМИРАТИТЕ ја лансираа првата ракета на Марс. Лансирањето на ракетата наречена „Амал“ од вселенскиот центар „Танегашима“, на мал остров на југот на Јапонија, првично беше планирано за минатата среда, но беше одложено поради лошите временски услови. Обединетите Арапски Емирати наведуваат дека на овој начин, за првпат, ќе може да се добие целосен увид во атмосферата на Марс во различни периоди.
ТИМОТ на Џенова за кој настапува капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, извојува тешка, но многу важна победа во 34. коло од Серија А. Совладан е Лече со 2:1.
И. Т. З.