ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Безбедниот туризам може да стане нов стандард

Може да се мисли на нов туризам, да се биде иновативен и да се направат работите поинаку за да се зголеми безбедноста на услугите, квалитетот и безбедноста на вработените и гостите. Безбеден туризам може да стане нов стандард, рече шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје, Џихан Тавила.

July 30, 2020 12:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Туристичките знаменитости може и треба да се уживаат, но мерките и протоколите мора да се почитуваат за да се надмине КОВИД пандемијата, е заклучокот од средбата на туристичкиот сектор во земјава со претставниците на ОН.

На вчерашниот онлајн состанок беше оценето дека туризмот има голема улога во актуелната ситуација. Според учесниците, можно е во вакви услови да се биде и иновативен, да се редефинираат и прошират можностите во секторот. Безбедниот туризам може да стане нов стандард.

-Тоа што се случува во овој сектор не се однесува само на овој дел од економијата, туку и на здравјето, на добросостојбата на луѓето во земјата, на целата економија и на локалниот развој. Тоа што е важно е сите да разбереме дека животот мора да продолжи, дека работата мора да продолжи, но мора да се следат и мерките и протоколите за заштита, за да се избегне поголема штета, рече Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија.

За шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје, Џихан Тавила, реалност е дека ќе мора да живееме со вирусот подолго време и дека кој било кластер што ќе биде поврзан со одредена туристичка локација, ќе биде исклучително штетен за бизнисот, како и за неговото влијание на јавното здравје.

-Може да се мисли на нов туризам, да се биде иновативен и да се направат работите поинаку за да се зголеми безбедноста на услугите, квалитетот и безбедноста на вработените и гостите. Безбеден туризам може да стане нов стандард, рече Тавила.

Претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ), Крсте Блажески, информира за тешкотиите со кои се соочува туристичкиот сектор од почетокот на пандемијата, а зборуваше и за значењето на заедничките напори да се надмине кризата.

-Состојбата е тешка, а ќе биде и потешка. Во овој момент се обидуваме да ги намалиме загубите. Сите треба да бидеме реални и иновативни, мора да работиме заедно да се надмине кризата, надевајќи се на подобри резултати идната година. Има многу непознати работи. Потребен ни е поголем заеднички напор за да се справиме со кризата. Од поголема контрола во спроведувањето на протоколите и превентивните мерки, до подобра кординација и поголемо разбирање дека сите треба по нешто да жртвуваме, истакна Блажески.

Тој укажа и на потребата од напорите да се зачуваат работните места и платите на вработените.

-Беше многу тешко за некои од нашите членови да продолжат да исплаќаат плати и други трошоци без никаков приход. Лани имавме проблеми да најдеме работници. Сега се мачиме да ги зачуваме тие што ги имаме, за да не ги загубат своите работни места и да се осигураме дека заедно ќе излеземе од оваа криза, додаде Блажески.

Дарко Димовски од Сојузот на синдикати ја посочи долгорочната важност од зачувување на работните места во сегашната ситуација.

-Работиме напорно, а учествувавме и во изготвувањето на мерките за заштита на работните места што ги подготви Владата, зашто не сакаме луѓето што сега работат да ги загубат работните места и да ја напуштат земјата веднаш штом кризата ќе стивне, потенцира Димовски.

Учесниците на состанокот се согласија дека најважни работи за справување со тешката состојба предизвиката од пандемијата се да се биде иновативен, реалистичен, практичен и сите да бидат поодговорни со носење маски, оддржување дистанца и често и темелно миење на рацете./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Првата средба Трамп-Африка планирана за следната недела во Вашингтон

July 3, 2025

Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

July 3, 2025

Штрајк на котнролорите на летање во Париз, воздушниот сообраќај намален за 40 проценти

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk