ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СДСМ: Eвтината тарифа останува на сила во истите интервали, сѐ уште сме меѓу земјите со најниска цена на струја во Европа

За да се задржи функционалноста на енергетскиот систем во вакви вонредни состојби за потрошувачката кои неминовно следуваат, цената на електричната енергија се корегира за 7,42% односно за сметка од 1.500 денари ќе има корекција од околу 100 денари. За да се заштитат граѓаните евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали исто како и до сега.

July 31, 2020 16:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Регулаторната комисија која ја донесе Одлуката за корекција за цената, е независна и високо професионална институција која во изминативе 2 години направи и спроведе одлични реформи во својот делокруг. Оттука, веруваме дека нивните одлуки се професионално димензионирани во насока на заштита на интересите и на граѓаните и на компаниите.

И со корекцијата на цената, Република Северна Македонија и натаму има една од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа.

Пандемијата со коронавирусот што ја зафати нашата земја но и целиот свет го погоди и енергетскиот сектор на глобално ниво.

Потрошувачката на струја драстично се намали.

Од друга страна, во овој период на вонредна состојба енергетскиот сектор одговори на задачата и граѓаните имаа струја постојано. Дополнително се покажа одговорност и во ваква состојба обезбедено е пролонгирано плаќање на сметките без камати, како и да нема исклучување од енергетските системи во време на вонредна состојба. Ова е резултат на здравите енергетски политики и континуираните инвестиции во зголемување на домашното производство и обезбедување на сигурна и стабилна испорака на електрична енергија.

За да се задржи функционалноста на енергетскиот систем во вакви вонредни состојби за потрошувачката кои неминовно следуваат, цената на електричната енергија се корегира за 7,42% односно за сметка од 1.500 денари ќе има корекција од околу 100 денари. За да се заштитат граѓаните евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали исто како и до сега.

Преку евтината тарифа 15 милиони евра годишно остануваат кај граѓаните, а најголем дел од нив се социјално ранливите групи, пензионерите и невранотените лица кои најмногу ја користат оваа мерка.

СДСМ во изминатите 3 години направи сериозни реформи во енергетиката. Се покажа дека реформскиот процес во енергетиката за заштита на потрошувачите, транзицијата на замена на јаглен со сонце- на обновливите извори на енергија и правото на избор се единствениот вистински пат кој гарантира отпорност на енергетскиот сектор и во вакви нови околности за сите.

Next Post

Топлотен бран во Италија, 10 градови означени со црвена боја

Shortcut

Најново

Фестивалот на Де Ниро го одбра девојчето со шалвари и скејтборг на Дина Дума

June 1, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk