ЗАЕВ: Договорот за добрососедство со Бугарија стана инспирација за соработка за регионот и пошироко.
ДИМИТРОВ: Ако одиме по патот на пријателството, заедничката историја ќе ни се насмевнува, а заедничката европска иднина ќе нѐ пречека.
Во КРУШЕВО почнуваат чествувањата за 117-годишнината од Илинденското востание.
Од МВР потврдиле дека ноќеска, кај местото Гумење настанала тепачка меѓу коњаници од скопско Лисиче и едно лице од Крушево, а полициски службеник пукал во воздух за да ја смири ситуацијата.
ИЗМИНАТАТА седмица во Охрид и Дебар по 16, во Струга 48 потврдени случаи на Ковид-19.
СИНДИКАТИ и здруженија бараат од Регулаторна да ја повлече одлуката за поскапување на струјата.
Во ГЕРМАНИЈА алармантен раст на новозаболени лица со Ковид-19.
РОВЕРОТ „Упорност“ што ќе истражува дали порано имало живот на Марс, ќе пристигне на „Црвената планета“ во февруари (ВИДЕО).
А. Н. С.