ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Со концерт посветен на Ана Липша Тофовиќ вечерва отворање на јубилејното 60-то издание на „Охридско лето“

Шестдецениското опстојување и успешниот пат од едновечерен концерт до манифестација со врвен светски уметнички дострел Фестивалот „Охридско лето“ ќе го одбележи со промоција на монографијата „Фестивалска приказна“ од авторите Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева – Ангеловска. 

August 4, 2020 08:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со концерт посветен на нашата оперска примадона Ана Липша Тофовиќ вечерва во Античкиот театар ќе биде отворено годинешното 60-то по ред издание на Фестивалот „Охридско лето“. Концертот насловен „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“ на верната фестивалска публика ќе и понуди познати светски арии, во изведба на солистите Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ.

Свеченото отворање на нашата најреномирана музичко-сценска манифестација и целата фестивалска програма ќе се одржува во сосема поинакви околности, наметнати поради епидемијата на коронавирусот. Јубилејното фестивалско издание за првпат од 1961 година се одржува надвор од вообичаениот термин, од 4 август до 20 септември, со строги придржувања кон протоколите за заштита од ширење на Ковид-19. Од Управата на Фестивалот однапред е нагласено дека независно интересот кај публиката за некоја од понудените содржини, во ниту еден случај нема да биде дозволено пречекорување на однапред предвидениот број седишта.

Во текот на наредните 28 фестивалски дена на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, Предворјето на „Света Софија“, како и самата црква ќе има околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници.

Музичката програма на „Охридско лето“ годинава содржи 26 концерти, од кои два во фестивалската офф-програма.

Селекторот на музичката програма Даница Стојанова е особено горда што оваа година приоритет е даден на македонски уметници, како потврда дека токму тие се столбот на домашната уметничка вредност. Фестивалот „Охридско лето“ веќе го носи реномето за еден од најголемите промотори и афирматори на македонската уметност, на македонските композитори и изведувачи.
На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња како пијанистите Наталија Трул од Русија, Кемал Гекиќ од САД, Фукио саксофон квартетот од Шпанија, косовскиот гитарист Петрит Чеку, италијанскиот фелјтист Масимо Мерчели, мецосопранот Викена Каменица од Албанија, Келнскиот гудачки секстет, францускиот обоист Ариан Баке, Дуо Солипс…Несекојдневен настан е концертот за четири клавири и оркестар од Чешка, од македонската сцена Марија Ѓошевска, хорскиот ансамбл „Про Арс“ со маестро Сашо Татарчевски, Гордана Јосифова – Неделковска, потоа Скопје танцов театар со Рисима Рисимикин, гала оперска вечер под раководство на диригентката Бисера Чадловска, како и женскиот балетски ансамбл и оркестар од НОБ. Веќе редовни на фестивалот се Вечерите на Музичката младина со камерниот оркестар „Саша Николовски Ѓумар“, тука е и вечерта со музиката на македонскиот композитор Томе Манчев, со нсатапите на Весна Анѓеловска, Маја Шутевска, Љубиша Кировски, Марјан Милошевски, Горан Начевски, Елена Атанасовска, Антоние Весковски, како и уште многу ексклузивни уметнички имиња.

Селекторот на драмската програма Александар Поповски пред самото отворање на Фестивалот истакна дека токму со одржувањето „Охридско лето“ во новите околности ја демонстрира важноста на уметноста, важноста на културата.

Драмската програма започнува веќе утре со изведбата на претставата „Сестрите Прозорови“ на Чехов, во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. На програмата се уште изведбите на Драмски театар кој ја носи претставата „Чудесна терапија“, претставата „Човек, ѕвер и доблест“ со Театар Комедија, премиерата „Полковникот Птица“ на Народниот театар од Гостивар, преставата за деца на Театар за деца и младинци „Јованче и Марика“, а затворањето на Фестивалот е резервирано за изведбата на „Бог на масакрот“ на Турскиот театар од Скопје, кој годинава слави 70-годишен јубилеј.

Шестдецениското опстојување и успешниот пат од едновечерен концерт до манифестација со врвен светски уметнички дострел Фестивалот „Охридско лето“ ќе го одбележи со промоција на монографијата „Фестивалска приказна“ од авторите Снежана Анастасова-Чадиковска и Роза Нолчева – Ангеловска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk