ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вукелиќ: Мора психички да се подготвиме, борбата со Ковид-19 ќе биде маратон

Советот на психолозите е дека мора да го прифатиме фактот дека не може сè да биде оптимално, и дека можеби треба да се откажеме од амбициозни цели за да ја задржиме „главата над вода“.

August 4, 2020 08:34
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против коронавирусот очигледно ќе биде маратон, како што вели Светската здравствена организација и затоа мора да бидеме ментално подготвени, изјави психологот и доцент на Катедрата за психологија на Филозофскиот факултет Милица Вукелиќ на вебинар на Српската асоцијација на менаџери (САМ).

Таа истакна дека истражување во Кина покажало дека од вработените кои се вратиле на работа по завршувањето на првиот бран на епидемијата, 11 отсто од нив имале посттрауматски стрес, додека 8 проценти од вработените имале некаков вид депресија или анксиозност.

Милица Вукелиќ истакна дека се добива впечаток дека не сме емотивно подготвени за долготрајна борба против коронавирусот. Таа потенцира дека во овој момент сме во животен, но и шок во кариерата, и дека имаме ситуација во која извесно е само дека иднината ќе биде неизвесна.

Совет на психолозите е дека граѓаните на Србија мора да развијат отпорност да се справат со стресот, затоа што не знаеме колку ќе трае оваа состојба.
Милица Вукелиќ особено го посочи феноменот на инфодемија, односно прекумерната количина на информации на која сме изложени секој ден. Истражувањата покажаа дека тоа кај голем број луѓе предизвикува висок степен на вознемиреност.

Посебно се потенцира дека треба да се одржува физичко растојание, но да се задржи социјалната поврзаност меѓу луѓето.

Исто така се предупредува на фактот дека т.н. прегорување или „burnout“ кај вработените претставува континуиран стрес и дека таквата состојба се јавува кога барањата ги надминуваат ресурсите.

Исто така, се истакнува дека граѓаните на Србија ретко одлучуваат да побараат стручна помош, како поради предрасуди, така и поради економски причини.

Советот на психолозите е дека мора да го прифатиме фактот дека не може сè да биде оптимално, и дека можеби треба да се откажеме од амбициозни цели за да ја задржиме „главата над вода“.

Next Post

Гутереш: Милијарда ученици погодени од затворањето на училиштата поради коронавирусот

Најново

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

Која е Силвија Салис – поранешната олимпијка и актуелна градоначалничка на Џенова која би можела да ја сруши Мелони

May 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис (4 мај): Активирање на визијата и слободата

May 3, 2026

ЦИВИЛ по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без независност нема слобода – време е да се признае медиумското заробување

May 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk