Министерството за здравство информираше дека денеска се регистрирани нови 113 позитивни случаи на Ковид-19, како и 6 пациенти кои починале од последиците на вирусот. Меѓу починатите е и 22 годишен пациент од Скопје, кој како што информираат од Министерството за здравство имал Даунов синдром, пренесе Слободен печат.
„Починатиот 22 годишен пациент од Скопје е лице со Даунов синдром, примен во ГОБ „8 Септември“ во тешка општа состојба на 16.07.2020 година“, изјавија од Министерство за здравство за „Слободен печат“.
Досега вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402.