Лидерите на партиите на Албанците сè уште не донеле одлука околу поканата на претседателот на ДУИ Али Ахмети за заедничка средба на 13 август на годишнината од Охридскиот договор, објави Алсат М.
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села изјави дека, кога ќе донесат одлука ќе ја известат јавноста. Села за Алсат изјави дека е редно првин да се извести тој кој ја упатил поканата.
Од Алтернатива велат дека на синоќешната средба на двете претседателства на коалициските партии, е донесена одлука Зијадин Села и Африм Гаши заеднички да се координираат и да одлучат дали ќе одат на средбата свикана од Ахмети.
И движењето Беса сè уште не одлучила дали ќе учествува или не на средбата свикана од Ахмети. Лидерот на оваа партија Билал Касами изјави дека на утрешната средба во Беса ќе биде донесена финална одлука.
Од ДПА нема никаков договор.