ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Ротирачки спикер или премиер е прашање на политички договор

Во рок од 15 дена од приемот на предлог составот и програмата на Владата, Собранието треба да одржи седница и да избере влада. Доколку е политичкиот договор таков, тоа е неспорно, нагласи Џафери.

August 17, 2020 20:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот на Собранието Талат Џафери изјави дека ќе закаже продолжение на конститутивната седница штом добие потврда дека партиите ги решиле двете останати прашања – избор на претседател на законодавниот дом и комисија за избори и именувања.

Вели дека не е и нема намера да биде причина за блокирање на институцијата и оти ги следи процедурите.

– Во моментот кога ќе има предлог дека се решени прашањата по однос на комисијата за избори и именувања и кандидат за претседател на Собранието, без разлика кој и да е тој, моја обврска според Деловникот е да продолжам со седницата за да може да се довршат тие точки. Јас во тој правец не правам никаков проблем, рече Џафери на дневникот на Сител ТВ.

Во однос на можноста за ротирачки премиер или ротирачки собраниски спикер, Џафери рече дека тоа е пакет на политички договор меѓу партиите кои прават мнозинство и во таа насока, како што рече, не се раководи од личните статусни прашања.

– Работата е политичка. Затоа се доделува мандат за состав на Влада и програма за работа на владата  која се поднесува до Собранието. Ако во тие 20 дена преговори за состав на влада го имаат соодветното парламентрано мнозинство, во рок од 15 дена од приемот на предлог составот и програмата на Владата, Собранието треба да одржи седница и да избере влада. Доколку е политичкиот договор таков, тоа е неспорно, нагласи Џафери.

Прашан дали е оптимист дека до крајот на неделава е можен договор и продолжување на седницата, Џафери не одговори конкретно, само посочи дека во животот секогаш бил оптимист.

Тој смета и дека треба да се допрецизираат одредбите за тоа кога е конституирано Собранието, ако не во Уставот како потешка процедура, тогаш во собранискиот Деловник, за да нема недоразбирања во иднина.

Талат Џафери минатата недела најави дека ќе свика продолжение на конститутивната седница дента кога претседателот Стево Пендаровски му го довери на лидерот на СДСМ Зоран Заев мандатот за составување влада, но се откажа од намерата поради семејни обврски, односно затоа што доби внук од ќерка./МИА/

Next Post

Вечерен преглед на вести: ОБСЕ предлага посета на Белорусија, расте бројот на новозаразени во Албанија, во Драч запленета марихуана во форма на чоколадо...

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk