Новиот премиер на државата, Зоран Заев, во објава на својот профил на Фејсбук напиша дека новата Влада ќе има 7 министри помалку, за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата.
Создадовме Влада која ќе им служи на граѓаните и ќе ги следи нивните потреби. Новата Влада ќе има 7 министри помалку, за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата.
Повикувам секој од нас да се ангажира двојно повеќе, за целиот народ да добие многу повеќе. Ќе работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите. Тоа го можеме!, напиша Заев на Фејсбук.