ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Бројот на заболени од Ковид-19 надмина 13.000, најмногу активни сѐ уште во Скопје

August 23, 2020 08:23
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 159 заболени од Ковид-19 од направени 1.733 тестирања се регистрирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство со што вкупниот број дијагностицирани се искачи на 13.458. Најмногу активни случаи и натаму има во Скопје, главно во Општина Чаир, каде има дури 114 активни случаи.

Вкупниот број оздравени пациенти од почетокот на епидемијата изнесува 10.052, а на починати 563. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2843.

Од 159-те нови случаи на Ковид-19 во Скопје се 32, Куманово 25, Штип 8, Прилеп 7, Тетово 9, Струга 15, Велес 2, Охрид 4, Кавадарци 5, Гостивар 22, Гевгелија 5, Берово 9, Делчево 4, Кичево 3, по еден во Дебар, Струмица, Радовиш, Пехчево и Битола, и по двајца во Кочани и Виница.

Институтот за јавно здравје вчера регистрираше 75 оздравени пациенти и тоа од Скопје 27, Дебар 3, Штип 8, Битола 4, Гостивар 9, Кичево 13, по двајца од Велес и Неготино, и по еден од Куманово, Прилеп, Тетово, Крушево, Кочани, Македонски Брод и Виница.

Според податоците на Министерството за здравство, во вчерашниот извештај се регистрирани шест починати лица.

Четворица од нив се пациенти од Скопје на возраст од 77, 80, 85 и 86 години. Еден пациент е од Гостивар на 61 година, и еден од Штип на 76 години.

Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, пет деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип 33 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Како што се наведува во соопштението на Министерството за здравство, најмногу активни случаи има во Скопје, поточно во општините Чаир со 114 активни случаи, потоа следува Гази Баба со 100, Аеродром 99, Карпош 92, Центар  81, Кисела Вода 84, Ѓорче Петров 63, Бутел 61, Шуто Оризари 36, Студеничани 19, Сарај 20 и Арачиново 15./MИА/

Next Post

Комплетиран составот на новата влада, рокот за поднесување на предлогот истекува на 2 септември

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk