ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Избор на стручни и компетентни лица во институцијата Народен правобранител, бара Мрежата за заштита од дискриминација

August 26, 2020 10:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието изборот на Народниот правобранител да биде еден од приоритетите на новиот парламентарен состав, да биде спроведен транспарентен и фер процес на селекција на кандидатите, ослободен од влијанието на политичките партии и да биде извршен избор на компетентен и соодветен кандидат/ка. Сметаат дека само така ќе се обезбеди независна и стручна институција која доследно и во целост ќе може да ги оствари сите свои законски надлежности за промоција, унапредување и заштита на човековите права и слободи.

Потсетуваат дека вториот мандат на Народниот правобранител Иџет Мемети истекува на крајот на 2020 година, а согласно Законот за Народниот правобранител, Собранието е законски надлежно да покрене постапка за избор на нов Народен правобранител преку објавување на оглас најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот Народен правобранител.

Од Мрежата за заштита од дискриминација информираат дека континуирано ја следат работата на Народниот правобранител и во последните неколку години имаат идентификувано повеќе пречки во нејзиното функционирање. Меѓу најгорливите, според нив, се недостатокот на рамномерна распределба на финансиски, на човечки и на технички ресурси, како и степенот на стручност и компетентност на значителен дел од кадарот.

– Последните вести кои медиумите ги пренесоа, а кои се однесуваат на работата на Народниот правобранител, односно на конфликтот меѓу Народниот правобранител Иџет Мемети и замениците-правобранители, како и на обвинувањата за омаловажување, за скратување на одморот и за одземање на други права, дури и на мобинг од страна на Правобранителот, е скандалозно и вознемирувачко. Ваквите состојби сериозно ја разнишуваат довербата на граѓаните кон институцијата и важноста на нејзината улога, стои во соопштението од Мрежата за заштита од дискриминација.

Според последниот годишен извештај на Народниот правобранител за 2019 година, од 155 работни места предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба, во тимот на Националниот превентивен механизам, во посебните одделенија и во канцелариите на Народниот правобранител, пополнети се само 90 места, што значи дека дури 65 работни места остануваат непополнети. Мрежата за заштита од дискриминација апелира нови вработувања да бидат спроведени во најкус можен рок и нагласува дека при постапката не смее да се дозволат какви било партиски влијанија.

Мрежата за заштита од дискриминација искажува загриженост за фактот дека иако Народниот правобранител како институција постои повеќе од 20 години, тој не успева да ги исполни меѓународно пропишаните критериуми за национални институциии за човекови права, како што се Париските принципи за национална институција за човекови права на ООН и Принципите за заштита и промоција на Омбудсманот на Венецијанската комисија.

– Да се има силна и независна институција Народен правобранител е важно и заради евроинтегративните процеси на нашата земја, затоа што ова е критериум за исполнување на основните вредности на ЕУ, за владеењето на правото и за почитувањето на човековите права. Дополнително, минатата година, Европската комисија нѐ потсети дека потребно е именување на членови на независни тела кои се засноваат врз заслуги со што ќе се осигура нивната компетентност и интегритет. Ова несомнено важи и за идниот Народен правобранител, се вели во соопштението од Мрежата за заштита од дискриминација.

Next Post

Намален бројот на новопотврдени и процентот на позитивни на Ковид-19 во изминатите седум дена

EVN

НАЈНОВО

Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

April 16, 2026

Комисијата за култура на СДСМ со поддршка за протестот на културните работници: Почитувањето на Колективниот договор е законска обврска

April 16, 2026

Мицкоски: Новиот закон за високо образование е стожер за иднината и квалитетот на државата

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk