ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Намален бројот на новопотврдени и процентот на позитивни на Ковид-19 во изминатите седум дена

August 26, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7,0 отсто, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=281; 33,5 отсто).  Во овој период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица, во 16 града во земјата.

– Процентот на позитивни од тестирани изнесува 7.5  отсто, што претставува намалување од 0,3 отсто во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува тренд на намалување, во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10 отсто, 9.4 отсто, 8.6 отсто и 7.8 отсто. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, и во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 205 (24,4 отсто) позитивни. Голем број заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=151; 18,0 отсто), 40-49 (n=142; 16,9 отсто) и 20-29 (n=140; 16,7 отсто) . Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=20; 2,4 отсто) и 10-19 години (n=49; 5,8 отсто). Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=807; 96,2 отсто), регистрирани се 119 (14,7 отсто) хоспитализирани, а кај 239 (29,8 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број нови случаи, 307 (38,3 отсто) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 29 лица со историја на патување во последни 14 дена, соопшти Министерствотот за здравство.
Во споменатиот период, по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 554 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 513 помалку во однос на претходната недела.
Според извештајот на ИЈЗ, пријавени се 19 смртни случаи од шест градови или два повеќе во однос на претходната недела и сите се на возраст над 60 години. Од нив, 16 биле хоспитализирани, а три лица починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 16 починати лица.
Деталните извештаи на Институтот за јавно здравје за состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија – 17 до 23 август 2020 година, како и кумулативна состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk.
Next Post

Началник во МВР сведочеше во „Монструм“, како сведок предложен и Миле Јанакиески

EVN

НАЈНОВО

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија: Сомнежи за перење на 2,85 милиони евра преку фиктивни реклами

April 16, 2026
Илустрација Фронтлајн

Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

April 16, 2026

Комисијата за култура на СДСМ со поддршка за протестот на културните работници: Почитувањето на Колективниот договор е законска обврска

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk