ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

МЖСПП: Почнува кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк

Кампањата на терен ќе се спроведува со директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните бизниси и сите засегнати страни кои гравитираат на подрачјето на идниот национален парк, со цел да бидат добро информирани и запознаени што претставува национален парк, кои се придобивките, вклучувајќи ги и социо-економските аспекти и зошто Шар Планина треба час поскоро да се заштити со закон.

August 26, 2020 14:41
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Центарот за едукација и развој (ЦЕД) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) започнуваат со имплементација на јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Кампањата на терен ќе се спроведува со директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните бизниси и сите засегнати страни кои гравитираат на подрачјето на идниот национален парк, со цел да бидат добро информирани и запознаени што претставува национален парк, кои се придобивките, вклучувајќи ги и социо-економските аспекти и зошто Шар Планина треба час поскоро да се заштити со закон. Кон кампањата се приклучуваат и организациите од платформата „Пријатели на Шара” преку конкретни активности на терен и медиумска промоција, а добредојдени се да се вклучат со свои активности и сите други организации кои ја изразија својата желба да го помогнат процесот со потпишувањето на меморандумот за соработка.

За детално информирање на населението во рамки на проектот, во согласност со Планот за комуникација, предвидени се низа активности и изработени различни промотивни материјали.

Кампањата ќе започне со „Патувачко кино“ во руралните средини на идниот национален парк со проекција на промотивното видео и дискусија со локалното население, а ќе продолжи со организирање тематски форуми со засегнатите страни на различни теми, како што се ловството, туризмот, руралните активности и др.

За подобро разбирање на процесот, ќе биде спроведена и јавна презентација на Студијата за валоризација на Шар Планина, а ќе се обезбеди и поголема застапеност на темата во медиумите преку гостувања и интервјуа со експерти од различни области, редовни брифинзи на новинари за процесот, како и објавување на колумни на експерти и поддржувачи.

За подобра презентација на Шар Планина и на нејзините убавини за кои се слуша надалеку, ќе бидат организирани прошетки низ природните убавини на Шар Планина, ќе се изработат и фотоприказни од успешни локални претприемачи и истите ќе бидат споделени во социјалните медиуми.

Со цел да се обезбеди висок степен на транспарентност на процесот, на веб страниците на МЖСПП се отворени посебни потстраници каде се објавени документите поврзани со процесот се достапни на следниот линк.

Јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк се спроведува во рамки на проектот: „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето”, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), а имплементиран преку Програмата за животна средина на Обединети Нации (УНЕП), регионалната канцеларија во Виена и Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија како главен партнер и корисник.

Центарот за едукација и развој (ЦЕД) е локален партнер одговорен за спроведување на Јавната кампања. Дел од активностите се поддржани и од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а во спроведувањето се вклучени и Македонско еколошко друштво (МЕД) и платформата „Пријатели на Шара“. #ДаЈаЗачувамеШара.

Next Post

Од денеска во кумановската касарна се вее знамето на SEEBRIG

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk