ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Во координација со МЗ ќе одлучиме кога ќе се избира нов градоначалник на Штип

August 28, 2020 17:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во координација со Министерството за здравство ќе одлучиме кога ќе се избира нов градоначалник на Штип. Ова го истакна мандатарот за состав на новата Влада, Зоран Заев при денешната посета на Македонска Каменица од каде потенцираше дека Истокот како никогаш досега и кадровски и територијално ќе биде застапен во новата Влада.

-Истокот на Македонија е доста застапен во новата Влада јас сум среќен затоа што се изнедрија кадри кои што можат да бидат чесни и одговорни репрезенти на целиот наш народ, покрај градоначалникот на Штип, Берово има министер, Крива Паланка има министер, јас сум од Југоистокот на Македонија, живеам во Струмица. Ова го кажувам заради тоа што кога се прави селекција и на првите функции во државата, се води грижа и за територијалната застапеност, застапеноста на жените и мажите во Владата. Конкретно за Штип, верувам дека Владата заедно со Советот ќе изнајде решение заедно со Министерството за здравство дали поради епидемијата нови градоначалнички избори ќе има сега, или после 5-6 месеци, за што  верувам дека заедно ќе ја утврдиме одлуката, рече Заев.

На утрешната собраниска седница за избор на нова Влада очекува, како што рече, плодна дебата.

-Секогаш македонскиот Парламент имал плодна дебата за избор на Владата. Подготвувам експозе, половина од денешниот ден ќе го искористам да го дозавршам експозето со сите детали од владината програма која што е доставена, по што ќе испратам охрабрувачка порака до целиот наш народ, да ја пребродиме кризата, но и да се зафатиме со работа. Верувам во оваа земја, во овој наш народ дека ќе има подобра живеачка за сите, и дека ќе успееме, затоа прво одевме решавајки ги меѓународните прашања, чекор по чекор ја кревавме економијата и верувам придобивките ќе ги осетат сите, изјави Заев.

Во однос на преговорите за членство што и претстојат на држвава со Европската Унија, Заев го цитираше чешкиот премиер Бабиш, потенцирајќи ги придобивките од тој процес.

-Тој велеше Зоран, преку годините на преговорите буквално гледате како на подобро ви се менува земјата, се подобруваат стандардите, се европеизира државата, се градат вредности и принципи, се враќа насмевката кај граѓаните. Тоа е мојата водилка која ме води во целиот четири годишен период. Затоа барам помош на овој голем празник, барам поддршка од овој народ барам да се вградиме сите заради тоа што обврска да оставиме оставштина на нашите деца да живеат подобро од нас и да биде подобро за сите, изјави Заев, при посетата на Македонска Каменица, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Next Post

Девет новозаразени и двајца починати од Ковид-19 во Дебар

Shortcut

Најново

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk